Чави на клупата на Барселона до лето 2025
Актуелниот шпански фудбалски првак Барселона го продолжи договорот со својот тренер Чави (43) до лето 2025 година.
Доколку и натамошната соработка биде успешна, во договорот има клаузула за продолжување за уште една година.
Чави седна на клупата на каталонскиот клуб во кој остави траен белег како фудбалер на крајот на 2021 година и на 96 натпревари забележа 61 победа, 16 нерешени, а претрпе 19 порази.
Минатата сезона Чави и ја донесе шпанската титула на Барселона по пауза од четири години и го освои Суперкупот.