Чавушоглу: Бесмислено е да се одржи состанок со Шведска и Финска за нивните кандидатури за НАТО

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека е „бесмислено“ да се одржи трилатерален состанок со Шведска и Финска за да се разгледаат нивните кандидатури за НАТО по протестите овој месец во Стокхолм.

На прес-конференција Чавушоглу рече дека нема предлог за одвоено разгледување на кандидатурите на Шведска и Финска.

Шведскиот премиер Улф Кристершон рече дека неговата земја сака да го обнови дијалогот со Турција во рамките на НАТО, откако Анкара на неодредено време ги одложи трилатералните разговори со двете скандинавски земји за нивното членство.

Кристершон изрази оптимизам за приклучување во НАТО во текот на летото и покрај тековниот спор со Турција.

„Има шанси, без никакво сомнение“, изјави Кристерсон за шведската новинска агенција ТТ. Иако не постави конкретна временска рамка за ова, тој изрази надеж дека „тоа ќе се случи што е можно поскоро“.

Претходно оваа недела, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Шведска не може да смета на поддршката на неговата земја за влез во НАТО по демонстрациите со палење на Куранот во близина на турската амбасада во Стокхолм.

Back to top button
Close