Чедо Јовановиќ се огласи по вчерашниот инцидент: Да, фрлив столче во излог, ме нападнаа навивачи

Лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ рекол утрово дека во среда вечерта по инцидентот пред еден ресторан за брза храна во Нов Белград отишол во полиција и дал изјава.

Тој утрово за ТВ Прва пред пекарата во која како што рекол, „купувал леб за деца затоа што за половина час одат на училиште“, потврдил дека фрлил столче во излогот на локалот недалеку од неговата куќа, после што како што рекол го нападнале навивачи.

Јовановиќ додал дека тоа не е прв напад од страна на навивачите врз него и порачал дека „нема да им се тргне од патот“.

„Да, фрлив столче во излог, затоа што тие само тој јазик го разбираат. А, тоа што е проблем е ова стакло, не Бетон хала и нивното дивеење, тоа со мене не може да помине. Нека не доаѓаат, да не доаѓаа, да не ме напаѓаа, немаше да биде ништо“, објаснил Јовановиќ.

Back to top button
Close