Чедомир Јовановиќ: Го запревме ширењето на пневмонија за време на викендот, кислородот ме спаси

Лидерот на Либерално демократската партија во Србија, Чедомир Јовановиќ, на својот фејсбук профил објави дека неговата состојба полека се подобрува, но се уште му е потребен дополнителен кислород.

-Го запревме ширењето на пневмонија за време на викендот, кислородот ме спаси и сè уште ми треба за да ги одморам белите дробови колку што е можно, кои се борат со вирусот. Полека ја намалуваме температурата и го смируваме крвниот притисок.

Лекарите се постојано со мене и реагираат на секоја промена со менување на терапијата. Втора вечер по ред, со нивна поддршка, успеав да отспијам неколку часа, бидејќи најдоа решение за болката што ме разделуваше со недели.

Мислам на сè и сешто… Чувајте се… 💜💪

Да се откажам, никогаш! – напиша тој и објави фотографија од болницата.

Back to top button
Close