Чедомир Јовановиќ нападнал сопственик на приватна клиника со тениски рекет

Чедомир Јовановиќ, лидерот на ЛДП во Србија, тепал со тениски рекет сопственик на приватна клиника за физикална терапија, јави „Блиц“.

Нападот се случил денес околу 17 часот во Нов Белград, пред Клиниката за физикална терапија сопственост на Д.И (41).

Како што сопственикот на клиниката изјавил во полиција, „политичарот Чедомир Јовановиќ излегол од црн џип и го нападнал со тениски рекет“.

Според полицискиот извештај, а врз основа на сведочењето на Д.И. Јовановиќ му задал неколку удари по главата и телото.

Back to top button
Close