Чекор напред: Стадионите во Франција ги отвораат вратите за навивачите

Најмногу 5.000 гледачи ќе можат да присуствуваат на трибините за натпреварите во Купот на Франција и Лига Купот, како и за претсезонските контролни.

Ова е уште еден чекор кон олеснување на преземените мерки за да се запре ширењето на коронавирусот.

Минатата сезона беше прекината на 30 април, а ПСЖ беше прогласен за шампион.

Новата сезона во француската Лига 1 започнува на 22 август.

Back to top button
Close