Чепреганов: Михајлов во периодот од 1924 -1930 година е директно одговорен за над 4 000 убиства на Македонци во Бугарија

И денеска не стивнуваат реакциите за тоа што сакал да покаже бугарскиот естаблишмент кој присуствуваше на отворањето на клуб при културниот центар во Битола насловен по Ванчо Михајлов –  историската личност познатa, меѓу другото и по тоа дека не признавал македонска нација, јазик и култура. Дел од реакциите ваквиот бугарски гест го образложуват со јакнење на сопствената преговарачка позиција и слабеење на нашата во пресрет на јунскиот состанок на врвот на ЕУ. За историчарот професор доктор Тодор Чепреганов нема дилема дека бугарскиот политички врв сака да ни порача дека и тој е на линијата на Михајлов кога е во прашање Македонија, нејзиниот народ, јазик и култура, освен вели, ако бугарската држава не решила да го рехабилитира, како што ги рехабилитирала останатите соработници на фашистичкиот режим во 1996-1997 година, претворајќи ги од учесници во жртви.

„Михајлов во периодот од 1924 -1930 година е директно одговорен за над 4 000 убиства на Македонци во Бугарија. Како бугаризиран Македонец, работи за националните интереси на Бугарија и не признава македонска нација, јазик и култура. Самиот факт што изјавува дека постојат „говеда македонски“ јасно ја исцртува линијата каде припаѓал и за што се залагал. Оттаму логично се наметнува прашањето дали културен клуб може да се именува по неговото име затоа што тој не е никаков културен деец, и кога би требало да се вброи во некој ред тоа би било сигурно редот на атентаторите. За да веруваме во нивната добронамерност како соседи не треба да именуваат културни клубови со имиња кои разединуваат туку со имиња кои обединуваат. Зошто тоа да не биде Георги Димитров, вели во изјава за НоваТВ, проф.др. Чепреганов.

повеќе

Back to top button
Close