Чепреганов за тв 24: Ние сме жртви на тие 20% кои не почитуваа мерки

Невропсихијатарот Методи Чепреганов во отвореното студио на ТВ24 истакна дека има 80% кои ги почитуваат препораките и 20% кои не ги почитуваат препораките за заштита.

„Тие 20% не ги почитуваат мерките поради менталниот склоп. Ние сме жртви на тие 20% кои се однесуваат недицилинирано и со неодговорно и го загрозуваат сопственото и здравјето на нивните семејства и најблиски.“ – рече Чепреганов.

Доктор Чепреганов потенцираше дека суетата и инаетот со себе носат експресија према надвор и сеат завист, љубомора и злоба и со такви луѓе не може да се разговара. Во ваква состојба која е животозагрозувачка, ако некој не го признава тоа, тогаш таквите луѓе се противници кои сите околу себе.

„Суетата и егото не ги оставаат дома. Со човек со хипертрофирано его, да се нема контакт, зошто таков живее од конфликти и за конфликит и ги прави конфликтите кои му се насочна храна.“ – вели доктор Чепреганов.

Back to top button
Close