Черчил за „магарињата“?!
Мерсел Биљали
Кога еден новинар во салите на британскиот парламент го прашал премиерот Черчил за едно случување, тој во својот мегаломански стил, одговорил: „Како не сте знаеле дека половина од моите министри се магариња“. Но, новинарoт не успеел да го сними, па замолил да се повтори одговорот. Но, сега Черчил ја сменил изјавата, велејќи: „Половина од моите министри не се магариња“.

Секое нормално општество претендира да создаде нормални институции, кое пренствено е можно само при ептен нормални партиски лидери. Но, се чини дека ние од почеток ја утнавме работата со нормалноста, па и по 35 години сè уште не сме такви. Во рамките на источна Европа стоевме добро, бевме втора во источна Европа (после Словенија). Ама и по толку поминати години нормалноста никако да ни се врати. Или сме пациент кој не сака да оздраве, или нормалноста бега од нас, или пак ние бегаме од неа. Од едноумие стасавме во безумие! Како причина, едни ја посочуваат лошата приватизација, други лошото лидерство, трети дека сме комплексивно општесто, четврти вината ја бараат во изборните модели и системи, итн. Важно што кај нас глупоста е општо јавно добро. И пак со здодевни лидерски средби, што наликуваат на убава колекција ножеви зад грб. Никој не би нè оптоварил со толку маки колку што самите прифаќаме да се оптовариме! Наместо државници, прифативме да нѐ водат евтини политичари, „А тие размислуваат за следните избори, а никако за следните генерации“ – вели Џејмс Кларк
Избори како спас или како фарса?!
Во принцип, нашите избори се јасна потврда дека нема да избереме подобри отколку што заслужуваме. Првиот изборен модел што го имавме во услови на плурални услови наречен „мнозински изборен модел“, сепак воведе индивидуална конкуренција меѓу кандидатите, па оттука партиите внимаваа кого ќе предложат, бидејќи „дуелот“ меѓу нив беше директен пред гласачите. Тогаш често добиваа и независни кандидати. Гласачите скоро и лично се познавале со кандидатот. Беше тоа изборен систем со 120 изборни единици. Имено, тогаш и не се внимавало многу на политички партии. Вежен беше кандидатот. Кандидатите даваа јавни ветувања пред нивните гласачи, а непридржувањето си имаше лична морална цена. Па затоа по изборите, пратениците силно се бореа за нивно остварување. На крајот на краиштата, таков модел значително ги ослабува партиските лидери и ја зајакнува индивидуалната позиција на пратеникот, а со тоа и на парламентот како целина, бидејќи победата се смета првенствено за лична. Tаков парламент знае да си врши силна контрола врз владата, која патем е главен извор на доброто и злото.
Откако преминавме на пропорционален изборен систем, широко ја отворивме вратата за сериозни функционални системски девијации. За разлика од мнозинскиот модел, пропорционалниот модел ги зајакнува партиските лидери и ги ослабнува пратениците. Пратениците, вака со шест изборни единици избрани како група, немаат свој електорат, туку заеднички. Народски кажано – татко со многу синови останува без капа. Граѓаните не знаат кому да се обратат меѓу тие 20 пратеници во својата изборна единица, оти секој ја префрлува топката кај друг. Најлоштото кај постојниот систем е што лидери не поминуваат низ реална воља на гласачите, оти самите лидери и нивни послушници си се рангираат на самиот врв на листата, без оглед на авторитет и кредибилитет! Тоа прави комотни лидери со пратеници испомисленици, а зарочарани граѓани. Тогаш очекувате сешто а добивате големо ништо.
Постојниот систем создава понижувачка послушност на пратениците кон лидерот на партијата, но и видно ја ослабнува нивната лична врска со електоратот. Башка што постојниот систем при наши услови има вродена маана – ги девалвира чесните пратеници, а ги авансира тие другите. Оти курумпираните пратеници со помош на парите полесно се наметнуваат на врвот на партијата. Башка што наместо внатрепартиска здрава конкуренција, системот креира „послушност“ кон врвот на партијата, оти од самиот врв зависи дали пратеникот повторно ќе биде кандиран на следните избори и како ќе се рангира.
Кој и да се повикува на доминација на пропорционалниот систем во државите членки на ЕУ, тоа е неосновано. Првин, тоа кај нов е долга традиција, второ – таму функционираат сите институции, трето тие имаат силни механизми за борба против корупцијата. Таму владеат закони и стандарден мерит-систем, па луѓето немаат голема лична потреба од пратениците. Главна должност на пратениците таму е да донесуваат добри закони и да ја контролират владата. Во бројни западни држави, често пати самите пратеници од власта иницираат смена на некој министер, друг функционер или цела влада. Ние сме со светлосни години далеку од тоа.
Не помагаат ниту отворени листи!
При наши состојби не помага многу ниту пропорционалниот модел со отворени листи, оти тука често лидерот на партијата се иззема од внатрешна конкуренција. Тој се избира прв без лично да биде изгласан, па оттука рангирањето почнува од второрангираниот во листата. А каде е тука филтерот низ кој се проверува кредибилитетот и легитимитетот на лидерот пред гласачите? Уште подрастично ако целата држава е една изборна единица. А башка што најмногу лидерите имаат прсти во мега-корупцијата. Не знам Мицковски кога прашал и дало воопшто прашал, но тоа е нејголемата изборна катастрофа за државата. Тука пратениците не претставуваат никого освен себе. Дури, и со отворени листи не менуваат многу, оти пак тие кои нелегално стана финансиски јаки, ќе победуваат над чесните, за потоа пак да продолжат со мрачни пари од кое веќе на сите ни е потемнето.
Оттука мнозинскиот модел со 120 изборни единици има многу повеќе предности, а тоа што има две рунди не значи ништо во споредба од потребата за правење функционален, ефикасен и одговорен систем, потврдувајќи го сечии личен кредибилитет пред граѓаните. Познато е дека во голема мера злоупотребите, кршењата на законите, а и корупцијата се одвиваат низ менторството на лидерите на политички партии. Затоа лидерите треба да имаат што е можно помалку власт. Оти тие го предводат „стрелачкиот вод“ против Јустиција. Таа не може да мери правда со вага и врзаи очи, додека некој силно ја удира со судски чекан по главата. А тука криминалците имаат сè освен име и презиме! Затоа, нашето „ново сонце што изгрева“ целолосно е стемнето. Тоа што стaнавме најсиромашна држава меѓу 49 држави во Европа, а бевме втора по падот на комунизмот во источниот дел од континентот, е голема причина да почнеме конечно после 35 години да резонираме со инсикт на човек кому веќе е загрозен биолопкиот опстанок. Поинаку ќе завршиме како што завршија едни слични народи во подруга историја – со исчезнување. Можеби Господ освен мозок и срце, требаше да ни даде повеќе ум и разум. За да настојуваме низ темното минато да ја бараме светлата иднина! Сега изгледа ќе се бараат нови избори, а сеуште не сме сигурни зошто.
А „Мајката на нацијата“ ни ја утепа мајката. Таа продолжува секој ден да измерува секому колку грама правда му следат. А требало од Венецијанката комисика да подучи дека правата имаат само долна граница, а не и горна. Европските експерти по нејзиниот предмет велат дека кај Уставот и законите за човековите права и слободи важи правилото: Се е дозволено освен ако изрично е забрането. А таа раскажува нешто што веќе е минато дури и за Сомалија.
Политичарите овде треба да го научат следниов цитат: „И кога фрлаат камења по тебе, и кога те понижуваат и те влечат назад, продолжи кон својата цел, бидејќи тогаш си блиску до успехот. Откако ќе ја достигнеш својата цел, сврти ја главата назад за да ги видиш тие несреќни луѓе, кои сè уште се на истото место и му прават истото на некој друг, а ти си возвишен до небесата, па дури и ќе се фалат дека се најзаслужни за твојот успех!“- од славната Венди Харава.






