Чешка купува тенкови „Леопард2А8“

\

Владата на Чешка денеска одобри купување на тенкови „Леопард 2А8“ од Германија во рамките на модернизација на армијата.

Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова наведе дека е предвидено во првата фаза Чешка да купи 44 тенкови за 34,2 милијарди круни (1,63 милијарди долари), кои треба да бидат испорачани во периодот од 2028 до 2031 година, со опција за купување на уште 14.

Таа додаде дека Чешка преговара и за купување на 19 специјализирани верзии на 2A8 според посебен договор, со што вкупниот број ќе достигне 77 тенкови „Леопард“ 2A8.

Чернохова посочи и дека ќе продолжи купувањето на лесно оружје од чешкиот производител на оружје „Чешка Збројовка“, од групацијата „Колт ЦЗ“, како дел од рамковен договор до 2031 година. Армијата, исто така, ќе купи 18 лесни оклопни возила од ЛПП, за 32,6 милиони фунти.

Чешка Република ja модернизира армијата со нова западна опрема, вклучително и купување хеликоптери и радари, како и гасенични борбени возила и авиони Ф-35, а воедно ги зголемува трошоците за одбрана поради војната во Украина.

Чешка минатата година одобри купување на постари тенкови „Леопард 2А4“ од германската компанија „Рајнметал“, а доби и други од Германија како дел од програмата за компензација за опрема испратена од Прага во Украина.

Back to top button
Close