Чешкиот претседател со мотор удрил во возило, итно пренесен во болница

Чешкиот претседател Петр Павел вчера во Прага имаше сообраќајна несреќа, по што беше пренесен во болница.

Според Дејли Мејл, Павел управувал со својот мотоцикл БМВ кога удрил во возило.

Тој бил пренесен во воена болница, а полицијата најавила дека нема да се покренува истрага бидејќи се се одвивало на приватен имот.

Вчера од Прага беше соопштено дека претседателот не е во животна опасност, но дека ќе биде задржан во болница на сослушување.

Павел денеска е пуштен од болница, а откриено е дека се здобил со полесна повреда кога паднал од моторот.

Во соопштението се вели дека распоредот на Павел за следната недела останува во сила, вклучувајќи го и планираното патување во странство, објави Ројтерс.

Back to top button
Close