Честитка од Амбасада на САД по повод 8 Септември: Го цениме цврстото партнерство со Северна Македонија во унапредувањето на глобалната безбедност и стабилност

Aмбасадата на Соединетите Американски Држави преку објава на Фејсбук упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на државава.

– Честит ден на независноста! Urime Dita e Pavarësise! Оваа година е особено значајна бидејќи одбележуваме и 30 години дипломатски односи меѓу нашите земји. Во текот на три децении, изградивме силно партнерство – работејќи заедно во дипломатијата, безбедноста, образованието, културата и друго, се посочува во честитката од Амбасадата на САД.

Од Амбасадата упатуваат и на честитката од државниот секретар на САД, Марко Рубио, во која се посочува дека САД остануваат посветени на продлабочување на соработката за зајакнување на колективната безбедност и промовирање на просперитетот.

Денот не независноста – Амбасада на САД – Марко Рубио

– Во име на Соединетите Американски Држави, им упатувам честитки на народот на Северна Македонија додека ја прославувате 34-годишнината од вашата независност и 30-годишнината од дипломатските односи меѓу нашите две нации. Соединетите Американски Држави го ценат цврстото партнерство на Северна Македонија во унапредувањето на глобалната безбедност и стабилност. Како сојузник на НАТО посветен на одбраната на мирот и слободата, вашето ветување за зголемени трошоци за одбрана на самитот на НАТО ова лето, ја нагласува посветеноста на Северна Македонија на нашите заеднички безбедносни цели. Додека ја одбележуваме оваа пресвртница во нашите односи, Соединетите Американски Држави остануваат посветени на продлабочување на нашата соработка за зајакнување на колективната безбедност, борба против транснационалните закани и промовирање на просперитет што создава работни места, се нагласува во честитката на државниот американски секретар Рубио.

Фото: Фејсбук на Амбасада на САД

Back to top button
Close