Честитка од Бигорскиот манастир и градоначалникот Куртовски по повод Илинден

Честит Илинден!Од Бога Благослов. На многаја лета, возљубена наша татковино! Се зборовите содржани во честитката на познатото македонско древно светилиште Бигорскиот манастир,по повод денот на двата Илиндена.

Во соборниот храм на свештената Бигорска обител попладнево ќе се одржи свечен чин на Доксологија – Молитва за Татковината.

Претпладнево Света архијерејска Литургија се одржа во прекрасниот преродбенски храм на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во селото Лазарополе, на која чиноначалствуваше нашиот старец и игумен, Неговото Преосвештенство Епископот Партениј Антаниски, изјавија од бигорската обител.

Честитка по повод 2-ри Август-Илинден, Денот на Републиката упати и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски,од свое и од име на локалната власт.

– Во мое име и во име на Советот и администрацијата на општина Маврово и Ростуше Ви го честитам големиот празник Илинден. Овој ден е симбол на борбата за слобода и независност. Да продолжиме заедно да градиме едно општество за сите во кое ќе владее слобода, правда и благосостојба, стои во честитката на градоначалникот Куртовски.

Во оваа општина,во која припаѓа и Бигорскиот манастир, Илинден посебно, се одбележува во селата Битуше и Лазарополе, каде традиционално се некогашните жители и нивните потомци.

Back to top button
Close