Честитка од директорот на КОВЗРГ Сотировски по повод католички Велигден

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до бискупот скопски и епарх струмичко – скопски монс.д-р Киро Стојанов, католичкото свештенство и до сите верници од католичка вероисповед по повод најголемиот христијански празник – Велигден.

-Дозволете ми од мое име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Вам, на целото католичко свештенство и на сите верници од католичката вероисповед, да Ви упатам срдечни честитки по повод најголемиот христијански празник – Велигден. Во времето во кое денес живееме мораме сите да се потсетиме на најголемата порака на овој празник – љубовта. Љубовта му е потребна на светот сега повеќе од кога и да е, бидејќи таа е најголемиот лек со кој можеме да ги победиме сите болести. Да ги љубиме сите подеднакво воденешно време е се потешко, но љубовта е сила која секогаш победува. Токму таа го победи злото на крстот, простувајќи им на непријателите, правејќи им добро на сите и на секого.

Ви посакувам празникот на Христовото Воскресение да го поминете во мир и добро здравје заедно со Вашите најблиски исполнети со љубов и меѓусебно почитување, стои во телеграмата со честитки.

Back to top button
Close