Честитка од Гаши по повод Меѓународниот ден на Ромите: Ромската заедницае важен дел од мозаикот на нашата земја

Претседателот на Собранието Африм Гаши по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите упати честитка до припадниците на ромската заедница.

-Овој ден претставува важен момент на размислување и вреднување на богатата култура, посебниот идентитет и идентитетот што ромската заедница го градела низ вековите. Тоа е и постојан повик за зајакнување на нашата заедничка посветеност кон еднаквост, инклузија и целосно почитување на човековите права – вели Гаши во честитката.

Ромската заедница, потенцира тој, е важен дел од општествениот и културниот мозаик на нашата земја.

-Ја нагласувам одговорноста на институциите за создавање на политики и механизми што гарантираат еднакви можности, квалитетно образование, економска вклученост и достоинствен живот за секој граѓанин, без разлика. Нека овој ден послужи како поттик за продлабочување на соработката, зајакнување на разбирањето и унапредување на вредностите на почит и еднаквост во нашето општество – пишува претседателот на македонското Собрание во честитката.

Back to top button
Close