Честитка од генералниот секретар на ЕПП за роденденот на ВМРО-ДПМНЕ: Ве замолувам да продолжите по евроатлантскиот пат

Опозициската партија вчера во Охрид одбележа 31 година од формирањето, при што партискиот лидер порача дека се обраќа кон сите што своите идеали ги наоѓаат во десниот политички спектар, од мекиот центар, до крајната десница

Ве охрабрувам и ве замолувам да продолжите по евроатлантскиот пат на вашата држава, како што е предвидено во основачките документи на партијата, апелира генералниот секретар на Европската народна партија (ЕПП), Aнтонио Лопез Истуриз, во поздравна честитка по повод 31-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Драги пријатели од ВМРО-ДПМНЕ, мое задоволство е да ви се обратам денеска на роденденот на вашата партија и наша членка – ВМРО-ДПМНЕ. На 17 јуни, пред точно 31 година, вашата партија беше основана, a вие сте денес собрани заедно за да го одбележите тој настан. Како што Вашите основачки документи и нагласуваат, многу јасен проевроатлантски пат за вашата држава. Јас ве замолувам и ве охрабрувам да продолжите по тој пат, согласно принципите на вашите основачи. Овој пат никогаш не бил лесен. И повторно денеска предизвиците се големи. Да работиме заедно за подобра заедничка иднина, ние сметаме на ВМРО-ДПМНЕ особено денеска на вашиот роденден“, нагласува генералниот секретар на ЕПП во видеопорака.

Back to top button
Close