Честитка од Кошта за Денот на независноста: ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска упати честитки по повод Денот на македонската независност.
– По повод националниот ден на Северна Македонија, упатувам срдечни честитки до нејзиниот народ и власти, наведе Кошта во објава на Икс.
Тој во честитката додава дека Европската унија останува посветена на нашата заедничка иднина и на европскиот пат на земјата.