Честитка од министерот Шаќири по повод Курбан Бајрам

– Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска упати честитка до припадниците со исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам.
– Среќен Курбан Бајрам! Овој ден претставува можност да размислиме за нашата заедничка заложба за градење просперитетно и мирно општество. Тој е празник на ширење грижа, добрина и љубов, вели Шаќири.
Секој ден како денес, додава тој, на овој верски празник, да видиме можност да служиме со посветеност и да направиме нешто добро и правилно.
-Да дадеме повеќе од себе да им помогнеме на оние кои имаат потреба, да изградиме подобар живот за секој од нас и за идните генерации, наведува министерот Шаќири.






