Честитка од претседателот на Собранието, Гаши, по повод 8 Септември 

Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, на сите граѓани им ја честитам 34-годишнината од нашата независна држава, порача Африм Гаши Претседател на Собранието на Македонија.

,,Денот на независноста е посебен момент, можност да се потсетиме на големите достигнувања на нашата држава и да не потсети дека независноста не е само подарок, туку завет наследен од минатото, обврска за сегашноста и водич за иднината. Овој завет не обврзува да изградиме силна, демократска и стабилна држава, каде што секој граѓанин без разликa ќе се чувствува еднаков и почитуван.

На оваа годишнина, мојата порака до граѓаните е да се обединиме околу вредностите на сплотеноста и посветеноста за исполнување на аспирациите на нашата земја. Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот. Да работиме заедно за посилна, поправедна и пообединета држава, каде што нашите разлики ќе бидат богатство, а не пречка. Само со сплотеност и заедничка посветеност можеме да ја реализираме визијата за посветла иднина на нашата држава и за идните генерации“, порача Гаши.

Тој додаде дека државата 34 години по прогласувањето на независноста, напредувала во многу аспекти и стекнала почит на меѓународната сцена. ,,Како стабилен сојузник на НАТО и како земја кандидат за членство во Европската Унија, ова е момент кој од нас бара да продолжиме со напорите за изградба на побезбедна и посветла иднина за идните генерации“, рече Гаши

Back to top button
Close