Честитка за Рамазан Бајрам од Шериф Мубарек Олсун
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/05/chestitka-za-ramazan-ba-ram-od-sherif-mubarek-olsun.jpg)
Во свое лично име и во име на партијата Бошњачки демократски сојуз сакам да им упатам искрени желби за честит Бајрам на моите драги Бошњаци и на сите припадници на исламската вероисповест. Нека овој голем празник ни донесе на сите нас пред се добро здравје и да го поминеме во мир и спокој со најблиските.
Месецот Рамазан им донесе на верниците многу радости но и преиспитување во барањето на одговорот на прашањето кој е патот до тоа да бидеме уште подобри луѓе. Уверен сум дека најголемиот дел од вас, тој пат кој не учи да бидеме подобри спрема себеси и другите, го има пронајдено и има оставено длабока трага спрема се во нашата заедница. Со желба да ги поминете овие бајрамски празници во кругот на семејството, заедно со пријателите и комшиите што е наша повеќе вековна традиција.