Честитки за победата и успех во исполнувањето на очекувањата на граѓаните – ѝ посака Муцунски на Студентската листа
Министерот за надворешни работи додава дека земјава останува силно посветена на натамошното продлабочување на пријателството и добрососедските односи, во интерес на заедничката иднина и просперитетот на целиот регион

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски им честита на претставниците на Студентската листа за победата на вчерашните предвремени парламентарни избори во Србија и им посака многу успех во, како што вели, преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните.
„Искрени честитки до граѓаните на за успешно спроведените парламентарни избори, а особено до победниците за постигнатиот изборен успех! На претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните“напиша Муцунски во објава на социјалните мрежи.
Министерот додава дека земјава останува силно посветена на натамошното продлабочување на пријателството и добрососедските односи, во интерес на заедничката иднина и просперитетот на целиот регион.
Европските и регионалните лидери ѝ честитаа на Студентската листа за победата во Србија: Поддршка за реформите






