Четири години и десет месеци затвор за измама: Кумановка измамена за 30.000 евра
Основниот суд во Куманово денеска донесе пресуда со која 60-годишниот Предраг Миленков, државјанин на Бугарија и Србија, е осуден на четири години и десет месеци затвор за измама, пренесе 24 инфо
Тој е обвинет дека во јануари годинава, заедно со други непознати лица, измамил 66-годишна жителка на Куманово за 30.000 евра. Групата ја довела во заблуда жртвата, убедувајќи ја дека нејзината ќерка е во затвор поради наводна сообраќајна несреќа и дека е потребна значителна сума пари за нејзино ослободување.
Судот: Ова е сериозно нарушување на приватноста и емоциите на семејството
Судијата Саша Ѓорѓевиќ од Основниот суд Куманово ја изрече пресудата и го прогласи Миленков за виновен за кривичното дело измама.
„Оваа појава е многу зачестена во земјава. Не станува збор само за противправно одземен имот во висок износ, туку и за сериозно нарушување на приватноста и емоциите на семејството. Судот смета дека обвинетиот заслужува висока казна за ова кривично дело“, изјави судијата.
Судот ја одреди казната речиси на максимумот предвиден со закон, кој изнесува пет години затвор. Покрај тоа, на семејството Величковски му се досудува враќање на износот од 30.000 евра, а за емоционалната траума што ја претрпеле ќе имаат право да покренат граѓанска постапка.
…
Повеќе