Четири нови случаи позитивни на Ковид 19 во гостиварскиот регион

Резултатите од последните тестирања за откривање новоинфицирани со коронавирусот во гостиварскиот регион, покажаа четири нови случаи. Од меѓуопштинскиот кризен штаб потврдија дека резултатите на тестовите на Ковид19 биле позитивни кај три лица од општина Врапчиште и едно од општина Гостивар. Во најмалубројната гостиварска општина, Маврово и Ростуше нема нови случаи.

До денеска вкупниот број на активни случаи во гостиварскиот регион достигна 45. Во општина Гостивар активни се 22 , во Врапчиште 19 а во Маврово и Ростуше 4 случаи.

Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се над 516  тестирања и вкупно се регистрирани 69 позитивни резултати (34 во Гостивар, 30 Врапчиште и Маврово Ростуше 7),  Како последица од инфицирање со корона вирусот починаа пет лица. За излекувани се водат 20 пациенти.

Back to top button
Close