Четири последователни земјотреси повторно го тресат тлото во Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени денеска ја погоди Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Според најновите податоци, земјотресот бил со јачина од 4,6 степени и бил регистриран во 04:20 часот по UTC, со епицентар на околу 14 километри северозападно од Јањина и на длабочина од околу 10 километри.

 

– Advertisements –

 

Во истиот поширок регион кај Јањина и Родотопи во изминатите денови беа регистрирани и други потреси, меѓу нив 4,1 степени на 4 април, 3,4 степени на 5 април и 3,5 степени на 4 април, што укажува на засилена сеизмичка активност во Епир.

Очевидци на страницата на EMSC опишале дека земјотресот бил силен и долготраен, а засега нема информации за повредени лица или за поголема материјална штета.

Back to top button
Close