Четири жртви и 15 повредени во инцидентот во Трир, возачот уапсен

Во денешниот инцидент кога автомобил со голема брзина влета во пешаци во германскиот град Трир, во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, загинаа најмалку четири лица, а 15 се повредени.

Министерот за внатрешни работи Роџер Левенц изјави дека меѓу загинатите е и едно бебе, а 15 лица се полесно и посериозно повредени, пренесе Анадолија.

Заменик началникот на полицијата во Трир, Франц-Дитер Анклер, изјави дека 51-годишниот германски државјанин, роден во Трир, кој влетал во пешачката зона, е уапсен и возилото е обезбедено.

Наведувајќи дека местото на злосторството и околината се затворени и дека истрагата продолжува, Анклер додаде дека осомничениот е брзо фатен и испрашуван.

Обвинителот Питер Фрицен рече дека осомничениот е под обвинение за четири убиства, неколку обиди за убиства и намерни повреди на многу луѓе.

Фрицсен кажа дека според првичните информации, нема докази за некаков религиски или политички мотивиран напад.

Германската канцеларка Ангела Меркел испрати сочувство до семејствата на загинатите, и на повредените им посака брзо закрепнување

Back to top button
Close