Четириесетгодишна скопјанка е третиот донор на срце во земјава

Министерот за здравство Венко Филипце утрово информираше дека во тек е трансплантација на срце, трета во земјава во рок од една година.


Донорот е жена од Скопје на возраст од 40 години. Таа добила спонтано крваренје во мозок и случајот бил иноперабилен. Ќе бидат трансплантирани и нејзините бубрези, пренесе Фокус.

-Доцна синоќа заедно со моите колеги, Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска, тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот. На тимовите лекари кои ќе ги вршат трансплантациите им посакувам многу успех. Да им држиме среќа, информира Филипче.

Back to top button
Close