Четиригодишно дете примено во болница, било повредено во градинка
Според информациите на МВР, вчера во 11.00 часот во ОВР Радовиш, од Јавната здравствена установа Радовиш е пријавено дека кај нив со повреди е донесено четиригодишно дете, кое подоцна е препратено во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.
Според пријавеното, детето со повредите се здобило додека престојувало во детска градинка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот