Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица

Вкупно 14 пријави за семејно насилство се евидентирани деновиве, четири лица се лишени од слобода, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи

Во Скопје на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР – Скопје го лишија од слобода Љ.Б., 68-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода упатувал закани со остар предмет на неговиот 35-годишен син, соопштија од МВР.

Оттаму информираа и дека на 8 март во 21 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР – Скопје го лишиле од слобода А.К., 31-годишен скопјанец, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата бремена 30-годишна сопруга.

– Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите, по што против лицата ќе следуваат соодветни пријави, додадоа од МВР.

Back to top button
Close