Четворица загинати и 16 спасени во потонат брод со мигранти кај грчкиот остров Самос

Безживотните тела на четири лица биле извлечени од морскиот дел североисточно од грчкиот остров Самос, по новата несреќа со мигранти, додека пак спасени биле 16 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција информираа дека во тек е акција за спасување и пронаоѓање на евентуално исчезнати лица, а вклучени се патролни бродови и копнени сили.

Според грчката телевизија ЕРТ несреќата се случила откако пластичен чамец во кој се пренесувал засега непознат број мигранти, удрил во карпа, а меѓу загинатите се и две деца.

Ова е трета несреќа со мигранти во Грција од почетокот на седмицава, со оглед на тоа што во понеделникот во два одвоени несреќи животот го загубија вкупно девет лица.

Back to top button
Close