Четворица загинати во несреќа со чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос
Безживотните тела на четири лица беа извлечени во спасувачка акција југозападно од грчкиот остров Лезбос, откако потонал чамец со мигранти, а спасени се седум лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција информираа дека под координација на Национален центар за оперативна координација, со патролен чамец и патролен брод, хеликоптер на военото воздухопловство и едно возило на копно, се спроведува акцијата за можно пронаоѓање на исчезнати лица.
Во конкретната област каде што е во тек спасувачката акција, ветерот е со јачина од шест Бофори, што дополнително ја отежнува операцијата на крајбрежната служба.
Според државната телевизија ЕРТ, несреќата се случила во текот на ноќта, а спасените лица се судански државјани.






