“Чија вистина?“ – Работилница за интерсекциско раскажување вистини  

Мрежа Стела на 29 април во Europe House во Скопје организира работилница за интерсекциско раскажување вистина „Чија вистина?“. Ги покануваме младите од 17 до 24 години низ целата држава да земат учество и заедно да зборуваме за приказните кои ретко ги слушаме.

Во општество каде што историјата и реалноста често се раскажуваат од една перспектива, многу гласови остануваат невидливи, неслушнати или намерно избришани. Начинот на кој ги разбираме минатото и сегашноста директно влијае врз тоа како се поврзуваме едни со други, како градиме доверба и каква иднина замислуваме.

Но што се случува кога ќе застанеме и ќе прашаме:

Чија вистина ја слушаме – и чии приказни недостасуваат

Ова е покана да бидеш дел од генерација која не ги прифаќа приказните како дадени туку ги преиспитува, проширува и трансформира.

Кој може да аплицира?

● Млади на возраст од 17 до 24 години од цела држава

Детали за работилницата:

● Датум: 29 април 2026 година

● Време: 10:00 – 15:00

● Локација: Europe House, Скопје

● Работни јазици на настанот се македонски и албански

Што да очекуваш?

Ќе имаш можност да:

● Креираш заеднички правила за отворена и дискусија базирана на почит

● Го истражиш својот идентитет и позиционалност и како тие влијаат врз твојата перспектива

● Анализираш медиуми и различни содржини и да откриеш чии гласови недостасуваат

● Работиш на вклучување на изоставени гласови и перспективи преку различни креативни формати (постери, објави на социјални медиуми, писма и сл.)

Работилницата ќе ја водат активистките и истражувачките Сара Миленковска и Вљора Речица.

Сара Миленковска е квир-феминистичка активистка и организаторка, истражувачка и менторка чија визија стои зад основањето и развојот на Мрежата Стела.

Вљора Речица е советничка на директорот во Фондациите Отворено општество – Западен Балкан (OSF-WB), каде што работи на пресекот на политиките, граѓанскиот ангажман и регионалната соработка.

За да земеш учество пополни ја апликацијата, најдоцна до 23 април 2026 година. Патните трошоци се покриени за учесници кои доаѓаат надвор од Скопје.

Оваа активност е поддржана од проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ што го спроведува Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) со финансиска поддршка од Европската Унија (ЕУ).

Дизајн на постер: Теано Кардулa

Back to top button
Close