Чибишев: Кај нас во моментов хоспитализирани се 7 пациенти, немаат механички повреди, туку само инхалаторни

Од пожарот во Кочани до денес, на Клиниката за токсикологија во Скопје проциркулирале 20 пациенти. Од нив 13, заради влошување на состојбата или заради потреба од механичка вентилација, беа префрлени на други клиники, информира директорот на клиниката Андон Чибишев.

-Некои од тие пациенти завршија и во центрите надвор од државата. Сите се во добра општа состојба, стабилни се. Кај нас во моментов хоспитализирани се 7 пациенти кои главно имаат вдишано голема количина отровни гасови затоа што биле внатре во дискотеката додека таа горела. Немаат механички повреди туку се со инхалаторни повреди, односно повреди заради вдишување на отровни гасови, рече Чибишев.

Директорот на Токсикологија информира дека денес се сите клинички стабилни.

Back to top button
Close