Читајте во друштво на есенскиот книжевен кружок во Илика!

По успешниот зимски и пролетен книжевен кружок, месецов во Илика започнува есенски книжевен кружок што ќе трае до крајот на годината. Поканети се сите заинтересирани, уживатели во читањето, како и оние што сакаат да си постават читачки предизвик, да им се приклучат!

Фокусот е ставен на млади македонски автори и ќе бидат опфатени три прозни книги. Првата средба ќе се одржи на 30. октомври каде ќе се разговара за „Каде леташ, Јулија?“ (2025, Или-или) од Хана Корнети. Втората средба е закажана за 20. ноември и ќе биде посветена на „Потклек“ (2025, Бегемот) од Љупчо Петрески. И последната средба, на 11. декември, е резервирана за книгата „Наназад“ (2025, Илика) од Стефан Алијевиќ. Сите средби ќе се одржуваат во кафе-книжарницата „Илика“, со почеток од 18:00 часот.

Идејата на кружокот е во пријатна и опуштена атмосфера да се разговара за сечие читателско искуство и да се слушнат различни мислења со кои ќе се опфатат разновидни аспекти од книгите. Разговорот на средбите ќе го води Симона Трајчевска, која е дел од тимот на Илика.

Сите што сакаат да учествуваат на есенскиот книжевен кружок се поканети да ја посетат кафе-книжарницата „Илика“ и да си го набават пакетот подготвен специјално за членовите на кружокот. Со купување на торбичката се добиваат сите три книги, по еден бесплатен пијалак при средбите како и едно мало изненадување за идните белешки. Повеќе информации тука.

 

Back to top button
Close