Чкембари: „Швеѓанецот“ што шеташе со маица со орел е длабока провокација кон сите нас

Навивачката група „Чкембари“ се огласи во јавноста откако во СВР Битола беше пријавен инцидент од С.Х.Д. (32) од Шведска, кој моментално престојува во Дебар. Тој информирал дека на улицата „Широк сокак“ во Битола му пристапиле неколку непознати лица на возраст од околу 20 години и се обиделе да му ја соблечат маицата што ја носел.

Од навивачката група која го поддржува клубот Пелистер информираа дека „инцидентот нема меѓуетнички предзнак“

-„Швеѓанецот“ што шеташе со принт од орел преку цела маица е длабока провокација спрема сите нас на кои ни се свежи сеќавањата од пред 20-тина години. Да не се прајме будали, под тоа знаме се колени нашите битолски херои. Битолчани се горди луѓе. Секој кој не бара, знај кај сме, салата и стадионот се наш дом. Битола е наш дом, стои во објавата на најжестоките фанови на Пелистер.

Back to top button
Close