Член на „Златна зора“ се забарикадирал со граната, тврди дека убил две лица
Маж, на околу 60-годишна возраст, се забарикадирал вооружен со граната во столарска работилница во селото Гонои, во грчката област Тесалија. На местото има специјални полициски сили и се водат преговори, велат од грчките медиуми.
Претходно, осомничениот се јавил во полиција и признал убиство на две лица. Полициските службеници го откриле телото на една од жртвите.
Осомниченото лице е познато во јавноста по неговата политичка активност во екстремно десничарската партија „Златна зора” преку која бил кандидат за пратеник.