Човечки скелет, на македонски државјанин, пронајден во подрум во Брисел, 23 години по неговото исчезнување
Човечки останки пронајдени во куќа во бриселската општина Ворст, лани во јули, се на маж од Македонија кој се сметал за исчезнат повеќе од 20 години. Реџеп Рахмановски исчезнал во летото 2023 година, а тамошната полиција сега упати апел со надеж дека ќе дознае повеќе за Рахмановски и неговото исчезнување, јавуваат белгиските медиуми.

Како што пишува белгиски „VRT“, на 16 јули 2025 година, работници кои реновирале куќа во Ворст пронашле човечки скелет во подрумот. Станува збор за Рахмановски, човек роден во 1976 година во Македонија.
– Advertisements –
Според пишувањата, вечерта на 16 јули 2003 година, тој го напуштил ресторанот на улицата Касмаркт во Брисел каде што работел и никогаш повеќе не бил виден. Посмртните останки биле пронајдени околу 5 км од местото каде што последен пат бил виден.
Белгиската полиција апелира секој што има информации да ја контактира надлежната служба на електронската адреса [email protected] или на бесплатниот телефонски број 00800 30 300.






