Чучуљ: 35 поранешни и 19 нови градоначалници не поднеле изјави за имот

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата – Адем Чучуљ, во гостување на тв 21 рече дека Комисијата засилено го следи пријавувањето на имотната состојба и интересите на избраните и именуваните лица, при што веќе се констатирани бројни пропусти кај дел од градоначалниците.

„Констатиравме дека 35 поранешни и 19 нови градоначалници не поднеле изјави за имотна состојба. За сите нив изрековме соодветни прекршочни платни налози“, изјави Чучуљ.

Посочи дека во моментов во тек е проверка на општинските советници дали ја исполниле законската обврска за поднесување на изјава за имот.

„Сега сме во фаза на проверка на советници по општините кои не ја исполниле законската обврска. Наскоро ќе излеземе и со конкретни бројки“, истакна претседателот на ДКСК.

Покрај локалните функционери, Антикорупциска изврши проверки и кај судиите и јавните обвинители.

Back to top button
Close