Чулев: изворите минаа во фер и демократска атмосфера. Приведени се осум лица

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, веднаш по затворањето на гласачките кутии одржа прес-конференција на која даде генерална констатација ндека овие парламентарни избори минале во фер и демократска атмосфера.

– Беа со максимално почитување на здравствено-безбедносните мерки и со максимално квалитетно мониторирање на изборниот процес од страна на полицијата, рече Чулев.

Тој информираше дека денеска биле приведени осум лица, од кои четири за фотографирање, три за сторени прекршоци, а кај едно лице биле пронајдени две гласачки ливчиња. Најмногу пријавени – вкупно 38 настани имало на територијата на СВР Струмица.

Пријавени за агитирање имало вкупно 75 случаи, 29 за поткуо, за цртање графиоти 6, за нарушување јавен ред и мир 6, за фотографирање 6, попречување 7, за фотографирање на гласачи 2, евидентирање на ливчиња 3, физички напади 2, носење на гласачи 2.

Имало и отворен партиски штаб во близина на гласачко место, напад на полициски службеник, собир на голема група на гласачко место, закани да не се гласа, јавно гласање, носење маска со несоодветно обележје, итн.

Back to top button
Close