Чупеска: Македонија постапи правилно што се приклучи кон осудата на нападот на Хамас врз Израел

  1. 8

 

Во светот во моментот има многу повеќе кризни жаришта покрај Израел/Палестина, Украина/Крим/Русија, и Србија/Косово, има околу 30-тина активни конфликти од кои еден поголем број во Африка. Но, сепак, нашето внимание најмногу го окупираат првите три од повеќе причини, вели универзитетската професорка Ана Чупеска во интервју за рацин.мк.

„Прво, воената агресија на Русија врз Украина директно го предизвика НАТО – чија држава членка сме и ние. Второ, српско-косовскиот конфликт е во наша најнепосредна околина и на директен начин може да нѐ засегне особено имајќи го предвид фактот за отворена можност за прелевање (spill over), ако го земеме предвид полтичко-безбедносниот контекст и неодамнешната историја на конфликти овде, на овие наши простори. Од друга страна конфликтот меѓу Израел и Палестина е перзистентен декади наназад, иако од 1973 година до денес вакво интензивно динамизирање на овој конфликт не беше забележано“,

вели Чупеска.

Чупеска смета дека во ваквите кризни околности политички се офајдуваат популистите и посочува дека прогресивните демократски сили со тоа што бегаат и го осудуваат популизмот впрочем стануваат негови жртви.

„Целата светска прогресивна агенда е под сериозни предизвици како едновремено да понуди добри и одржливи решенија, а истовремено и да еманципира и да добие поддршка. Тешко е, но не е неостварливо. Посебен предизвик останува левиот радикализиран популизам кој на овие конфликти гради лажна надеж и со целосно первертирана антифашистичката нарација настојува да се прикаже како суверен претставник на обесправените луѓе денес, без притоа да ја согледа деликатноста на реалноста и да понуди остварливи решенија за глобалните општествено политички предизвици и ризици“,вели таа.

Во таа смисла, Чупеска смета дека Македонија, како НАТО членка и ЕУ претендентка, треба да е претпазлива и да ги земе предвид фактите дека осудата за терористичкиот атак на Хамас е оправдана, затоа што нападот имаше тенденција да го радикализира Израел и со тоа да го дестабилизира Блискиот Исток.

„Идеолошки, Хамас имаат и претензии целосно да го преземат легитимитетот на ‘арапското ткиво’, и сите ние да почнеме Палестинците да ги изедначуваме со Хамас. Но, тие не се едно те исто. Ниту пак сите Арапи се членови на Хамас. Од една ваква перспектива, ризикот конфликтот во Газа да стане тотална војна на Блискиот Исток е, за жал, сѐ уште отворен. Во такво сценарио, и услови кога ја знаеме релацијата меѓу САД и Израел, можеби некој очекува дека значително би се ослабела и САД. Но, верувам дека до ова нема да дојде“, вели професорката.

Според неа, една трошка надеж мора да уследи после во овој хуманитарен колапс, ако се отвори можноста за конечно решение со две засебни држави. Но, вели дека уште е рано и не може да предвиди до кој степен ќе ескалира конфликтот.

„Во меѓувреме, во ЕУ се бараат начини како да не се суспендира помошта за Палестинскиот народ и таа да не заврши во рацете на Хамас. Не треба да има колективно казнување, но мора да биде јасно и гласно осуден секој терористички акт. Затоа впрочем, сведочиме на масовна осуда кон тероритичкиот напад на Хамас врз Израел. Но, од Русија таква експлицитна осуда не беше упатена, напротив! И токму од тие причини, не се усвои пред некој ден ‘руската’ резолуција во ОН“,вели Чупеска.

Додава дека, според неа, Македонија постапи правилно што се приклучи кон таа осуда.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close