Чувајте се и чувајте не, кој ќе ве лечи ако се разболиме и ние- Д-р Владимир Ристовски за функционирањето на Ковид Центарот во ГОБ „8ми Септември“

Д-р Владимир Ристовски е специјалист по интерна медицина, супспецијалист по кардиологија, интервентна кардиологија, докторант по клиничка медицина во ГОБ „8 ми Септември“. Од 2010 година е вработен во одделот на Интервентна и Инвазивна Кардиологија . Првата коронографија и коронарно стентирање ја направил во 2015 година токму во оваа установа. Досега има реализирано обуки во институтот за Кардиоваскуларни болести „Дедиње“ во Белград, Србија, Клиниката за кардиологија во Скопје и учествувал на повеќе едукативни школи реализирани во Италија и Франција. Д-р Ристовски за ММС се обиде да одговори на многу прашања за Ковид-19, но и да ни објасни како функционира Ковид Центарот.

Во Ковид Центарот во ГОБ „8 ми Септември“ досега биле третирани 80 пациенти со акутен миокарден инфаркт, а сепак биле позитивни на Ковид 19, токму таму беа и хоспитализирани случаите со најтешка клиничка слика како резултат на инфекцијата со невидливиот непријател. Во меѓувреме додека доаѓа наплив на пациенти со потешка клиничка слика на Ковид 19, медицинскиот тим од оваа болница работи 24 часовни дежурства.


Вака некако изгледа борбата да се спаси живот, но и едно секојдневие на медицинските лица инволвирани во Ковид Центарот.

Што всушност претставува Ковид Центарот, оваа е терминологијата со која за прв пат се сретнавме откако на нашите простори се појави вирусот Ковид 19.

„На 16 Март  2020 со одлука на владата на Р.Македонија,  ГОБ „8 ми Септември“ беше пренамената во Ковид Центар. Сите пациенти суспектни или  веќе докажани на вирусот Ковид -19 беа хоспитализирани во нашата установа. Сите пациенти на кој им беше потребна итна интернистичка и хируршка интервенција, а беа КОВИД суспектни или докажани беа хоспитализирана во  „8 ми Септември“ . Пред се тоа беше направено со оглед дека во една болница имаше на располагање доктори од сите профили (интернисти, хирурзи, инфектолози, анестезиолози и др), профил на лекари кој што последните 10 години станаа  едни од стожерите на здраствениот систем  во нашата држава  како и во однос на болничките капацитети на болницата“.


Секојдневно сите овие 5 месеци цел тим на доктори предводени од интернисти, анестезиолози  и инфектолози беа вклучени активно во третирањето на овие пациенти  кај кои што до 15 јули  има повеќе од 1300 хоспитаслизации  на Ковид-19 позитивни пациенти и преку 10.000 прегледи во ургентниот центар. Во нашата установа беа хоспитализирани пациентите со најтешка клиничка слика кои беа прифатени од целата држава, секојднево имавме по 20-30 примања на пациенти, од кои поголем број во задоцнета фаза со ниска кислородна сатурација и голем број веднаш  беа поставени на асистирана механична вентилација предизвикани од Ковид 19 инфекција“.


Секојдневието не ви изгледа лесно токму во оној пик период кога на дневната бројка на позитивни ковид пацинети стигна до трицифрен број, а бројката на смртни случаи исто така растеше. Секојдневно сте изложени на поголеми притисоци од голем број пациенти, со комплетно исполнети капацитети.  Велите:-се боревме со невидлив непријател се со цел да им помогнеме на пациентите“. Колку целокупниот интернистички тим, споделеувате информации и искуства меѓусебно, а воедно ги следите и светските протоколи за пациентите да добијат најдобар третман и да бидат со статус излекувани?

„Повозрасните пациенти  со познати коморбидитети се најчести пациенти со развиена потешка клиничка слика на Ковид 19. Со зголемување на возраста се зголемува и морталитетот. Но, секогаш не е така. Последниов месец дена имаме доста помлади пациенти и тоа со потешка клиничка слика на пневмонија, пациенти кои што се во 30та година од животот без коморбидитети, за разлика од почетокот на пандемијата кога пред се беа повозрасни пациенти со хронични болести. Најчесто пациентите се лекуваат сами дома, во болница пристигнуват кога веќе ќе им се влоши значително здравствената состојба, во последен момент, неретко веднаш  завршуваат на респиратори поради ниска кислородна сатурација. Секојдневно се судруваме со тешки трагедии кои се случуваат во моментот, колку и да се трудиме на некои пациенти не можеме да им помогнеме. Имаме случаи кога многу брзо се развиваат од едно средно -тешка клиничка слика во нагло влошување на општата состојба. Има и пациентит кои во почетокот не сакат да се исконтролираат, не доаѓаат, размислуваат дека ќе помине само од себе и во искличително тешка општа сосотјба доаѓаат во нашата болница кога веќе е предоцна“.

Доктор Ристовски вели дека секојдневно се соочуваат со секакви ситуации, животни приказни,некои среќни, некои за жал несреќни, но и со скептици кои се уште не веруваат во т.н „тивкиот убиец“, односно сметаат деека не постои вируост Ковид 19.

„За жал се додека имаме такви луѓе кои што не веруваат ќе имаме и толку многу новозаболени и смртни случаи. Главен проблем е недисциплината, многу ретко кој носи маски, многу ретко кој одржува социјална дистанца, пазарите, дискотеките се преполни без да се почитуваат овие мерки. Народот уште си прави и прослави, па затоа сме кајшто сме. Жално е ова што се случува. Се додека не се прифати реалноста ќе имаме толката стапка на новозаболени и смртни случаи. Мораме да ги прифатиме основните начела за функционирање во состојба на пандемија. Цели фамилии на заболени пациент имаат изгубено повеќе членови. Во летниот период плажите се преполни, не се почитуваат никакви мерки за заштита, младите организираат прослави  во затворени простории, а главно тие се главни асимптоматски преносители на болеста“.

Во јавноста може да слушнеме се и сешто, а исто така и да прочитаат многу вистини и невистини поврзани со Ковид 19. Но, што е тоа што најчесто предизвикува кај луѓето овој вирус? Каква е најчестата клиничката слика, која доведува до смрт?

„Вирусот најчесто предизвикува горно и долно респираторни заболувања,  потоа разни  срцеви заболувања (акутен миокардн инфаркт, миокардитис), а неретко и воспаление и на мозочната обвивка. Пред одреден период  моите колеги невролози имаа и еден млад пациент  кој  што беше излечен од оваа состојба која што беше предизвикана од Ковид 19 вирусот. Потешките форми на воспаление на белите дробови се комплицирани најчесто и со тромбоза (згрутчување на крвта) на белодробните артерии  која што е акутна животно загрожувачка состојба и една од водечките причини за морталитет кај пациентите. Истот така кај голем број млади пациенти кои што ги третиравме како акутен коронарен синдром  кои што беа Ковид позитивни установивме присуство на микро тромби во коронарните крвни садови кои што беше причината за миокарден инфаркт, без притоа да имаат напредната коронарна артериска болест. Поради овие факти и со следење на новите протоколи  во светски рамки од пред некој месец беше ревидиран и протоколот за третман на овие пациенти. Секојднвно се повеќе се разбива митот на оваа болест, се менуваат протоколи, се дава биолошка терапија во нивниот третман, а се надевам дека и многу брзо ќе имаме и вакцина за Ковид 19“.

Колку е тешко секој ден да се носи целата таа заштитна опрема по цела една смена и повеќе од нормално работни часови?

„Напорно е, скафандер, маски  Н 95 , визири , ракавици, ако дополнително работите и во сала за ангиографија имате и оловна кецела на себе и дополнителна стерилна прекривка, навистина е исцрпувачки посебно летен период, да не кажам како космонаути сме. Телото е комплетно дехидрирано, прстите на рацете ви се комплетно збрчкани , дури и осетот ви се намалува. Но тоа е што е, издржуваме и ќе издржиме иако веќе се јавува заморот кај сите здраствени работници  Држење на 24 часовни дежурства, повик 24 /7 часа за кардиолошките процедури дополнително придонесуваат за влошување на и така веќе постоечкиот замор “.

повеќе

Back to top button
Close