ЦИА развивалa хакерски алатки, но ја запоставилa безбедноста на своите системи

 

Поради култура на „прилично  олабавени“ безбедносни мерки во единицата за топ хакирање на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), во 2016 година се случи протекување на информации, по што светот дозна дека агенцијата навлегла во темната зона со користење хакерски алатки за шпионирање на луѓето.

Топ хакерите на агенцијата биле повеќе заинтересирани да најдат начин да ги хакираат секојдневните уреди за комуникација, отколку тие самите да се заштитат од  хакирање, се дознава од извештај на внатрешна ревизија на ЦИА до кој дојде весникот Вашингтон пост.

Извештајот е објавен во 2017 година за брифирање на тогашниот директор на ЦИА, Мајк Помпео, сегашен државен секретар, една година по објавувањето на протечените информации од страна на Викиликс.

Како што се дознава објавата на Викиликс, именувана како „Сеф 7“, ЦИА развивала алатки за следење помош на хакирање на секојдневни уреди како мобилни телефни, телевизори или автомобили, но и рутери или персонални компјутери.

Back to top button
Close