ЦИА смени шеф на оддел во Виена поради епидемијата на хаванскиот синдром

 ЦИА наводно сменила шеф на оддел во Виена, бидејќи не реагирал соодветно на почетокот на мистериозниот Хавански синдром.

Десетици членови на американскиот персонал во австрискиот главен град и нивните деца пријавиле симптоми на синдромот, пишува „Вашингтон пост“.

Симптомите првпат се појавија во Амбасадата на САД во Хавана, Куба во 2016 година, потсетува Би -Би -Си.

Луѓето кои страдаат од овој синдром имаат зуење во ушите и притисок во главата.

Други, меѓу другите симптоми, се жалеа и на гадење, вртоглавица и замор.

Во Виена имало повеќе случаи на синдромот отколку во кој било град, освен Хавана, пренесува Пост

Back to top button
Close