Ципрас на гости кај Заев во Струмица

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска е во приватна посета на Струмица, на покана на експремиерот Зоран Заев, соопшти дописникот на Миа од Атина.

Ципрас и Заев кога беа на функциите премиери на Грција и Македонија, го потпишаа Преспанскиот договор. Тие од тогаш се добри пријатели.

На Конгресот на Сириза одржан минатата година, додека Ципрас беше претседател на партијата, присуствуваше и Заев кој им се обрати на членовите на партијта.

Во интервју за грчката телевизија One channel, Заев рече: „Знаете дека Алексис е мој брат. И ќе бидеме браќа до крајот на животот бидејќи заедно имавме доволно храброст да ги пресечеме овие бариери меѓу нашите земји и да изградиме братска соработка меѓу Грција и Северна Македонија“.

Back to top button
Close