Ципрас: Пораката на Договорот од Преспа во овие денови на војна е уште поактуелна

Во овие денови на војна, пораката на Договорот од Преспа е уште поактуелна, како порака за мир и солидарност на народите на континентот, кој поминува низ голгота од ужасите на војната, рече лидерот на СИРИЗА ,Алексис Ципрас во неговиот говор на почетокот од партискиот Конгрес, на кој се присутни и поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас, меѓу другото се задржа на она што тие го направија како Влада и на оние теми за кои се горди, споменувајќи го и Договорот од Преспа.

– Горди сме што верувавме и го реализиравме, по секоја цена историскиот Договор од Преспа. Што не отстапивме и покрај притисоците и денес знаеме дека го сторивме правилното за земјата. Нашата патриотска должност. Договор кој ја врати европската перспектива на регионот кој акумулираше опасни тензии, оставајќи простор за засилување на трети сили на нашата северна граница. А неговата порака, во овие денови на војна е уште поактуелна, како порака за мир и солидарност на народите на континентот кој помиува низ голгота е од ужасите на војната, рече Ципрас.

Во продолжение, со оглед на тоа дека беа присутни, ги поздрави и им се заблагодари на Зоран Заев и Никос Коѕијас за постигнуањето на Договорот.

– Сакам, бидејќи ми се дава можност, не ми беше во план, но тука се пред мене, сакам да им се заблогодарам и на Зоран Заев и на Никос Коѕијас, што ја водевме битката, што им се спротивставивме на притисоците, што ја направивме нашата патриотска должност, рече лидерот на СИРИЗА.

Делот од говорот посветен на Договорот од Преспа, предизвика големи аплаузи и овации од присутните членови и симпатизери на СИРИЗА.

Back to top button
Close