Цистерна со нафта излетала од патот меѓу Гевгелија и Богданци, се превртела и се запалила
Цистерна која превезувала нафта претпладнево излетала од регионалниот пат Гевгелија – Богданци, се превртела и се запалила. Огнот бил за кратко изгаснат, но патот е затворен за сообраќај, а истекувањето на нафтата продолжува.
Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Гевгелија веднаш интервенирале и со специјална пена го изгаснале огнот.
„Огнот предизвика силен црн чад, но во моментов пожарникарите имаат целосна контрола. Опасноста од нов пожар е сведена на минимум, иако истекувањето на нафтата сè уште трае“,вели Ангелов.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека патот Гевгелија – Богданци е целосно затворен за сообраќај.
Ангелов најави дека дополнително ќе излезе со информации за следните чекори за справување со ситуацијата.