Цивил: Граѓаните да ја исполнат својата обврска и да учествуваат во пописот, осуда за политизацијата
„Цивил“ ги повика граѓаните да ја исполнат својата обврска и да учествуваат во најголемата статистичка операција во земјава. Оттаму, ги осуди повиците за бојкот.
Во соопштението до јавноста, „Цивил“ наведува дека Пописот на населението, домаќинствата и становите нема политичка димензија, туку е статистичка операција која им е потребна на граѓаните, институциите и бизнис секторот.
– ЦИВИЛ високо ја оценува работата на институциите, во прв ред, Државниот завод за статистика и смета дека институциите се подготвени, процесот е добро организиран и е во согласност со мерките за заштита од КОВИД-19. ЦИВИЛ остро ја осудува политизацијата на статистичката операција Попис 2021 и им посакува успешна работа на попишувачите кои ќе започнат со работа на терен од денеска, 5 септември, се вели во соопштението.
Од „Цивил“ ги повикаа граѓаните да ги отфрлат повиците за бојкот и да ги пријават сите незаконски дејствија и нерегуларности во текот на спроведувањето на пописот. Политичките партии, како што наведуваат, треба без исклучок да го поддржат пописот преку јавни повици и комуникација со своето членство.
– Повиците на бојкот се кривично дело. Структурите што повикуваат на бојкот на пописот имаат цел да се стекнат со политички профит, на сметка на јавниот интерес, наведуваат од „Цивил