ЦИВИЛ најостро ја осудува прекумерна употреба на сила врз новинарот Фуркан Салиу, бара ослободување и истрага за кршење на човековите права

ЦИВИЛ најостро ја осудува полициската бруталност врз новинарот Фуркан Салиу, при неговото апсење за време на фудбалски натпревар во Коњаре, кумановско.

Според извор на ЦИВИЛ, очевидец на настанот, новинарот Фуркан Салиу реагирал вербално при апсење на навивач за време на важниот фудбалски натпревар меѓу Коњаре и Куманово, при што им укажувал на полицајците дека немаат право да го апсат. Притоа, припадниците на специјалните полициски сили се нафрлуваат на новинарот и го соборуваат на земја, што може да се види и од видео снимките на социјалните мрежи.

Објавените видео снимки упатуваат на прекумерна употреба на сила, што може да претставува кршење на човековите права, според ЦИВИЛ.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close