ЦИВИЛ со осуда за изборните спотови со навредлива содржина

„ЦИВИЛ“ денеска преку соопштение реагираше на предизборните спотови кои, како што посочуваат, се понижувачки за луѓето, особено за лицата со попреченост и за жените.
– Ваквите спотови можеби не испраќаат директна порака, меѓутоа во најмала рака поттикнуваат создавање на предрасуди и говор на омраза. ЦИВИЛ упатува апел до сите чинители во изборниот процес во иднина да внимаваат какви пораки испраќаат со нивните предизборни пропагандни и медиумски продукти. Навреди, понижување, дискриминација, сексизам се крајно неприфатливи начини на политички натпревар, се наведува во соопштението.
ЦИВИЛ побара од политичките партии кампањите да ги водат фер, демократски и безбедно и наместо црни пропаганди, да ги промовираат идеите кои произлегуваат од нивните програми, за да можат граѓаните да имаат јасна слика за политичките понуди и да донесат одлука за кого ќе гласаат.