ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Редовен конгрес во ноември

ВМРО-ДПМНЕ: На денот од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет - МИА

Редовниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во ноември, одлучи вечерва Централниот комитет (ЦК) на партијата.

Централниот комитет ја отфрлил Иницијативата за одржување вонреден конгрес на 28 март што денеска ја поднесе Иницијативниот одбор во кој членуваат дел од поранешните високи функционери и сегашни истакнати членови на партијата.

Како што соопшти Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, нивен противник е Зоран Заев, а целта е рушење на неговиот „хибриден режим“.

-Ова е добра прилика за прочистување на редовите на ВМРО-ДПМНЕ, последно прочитување помеѓу актуелното раководство, новата енергија и поранешните функционери кои се предводени од Зоран Заев. Централниот комитет за ваква иницијатива заседаваше уште пред неколку месеци и едногласно донесе одлука за отфрлање на ваквата иницијатива и согласно статутарните овластувања кои ги има и согласно членот 29, став 4 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и овој пат едногласно Централниот комитет се задржа на принципиелно почитување на Статутот и статутарните принципи кои што ги има. Би сакал да истакнам дека ние за наш противник го имаме Зоран Заев и продолжуваме кон рушење на хибридниот режим во Република Македонија и сите граѓани ни се добредојдени во оваа борба и во оваа поддршка и се надевам дека се поголем број ќе ни се приклучуваат, изјави Андоновски по седницата.

Централниот комитет уште еднаш го потврдил ставот дека „пописот се злоупотребува од власта за политичка пресметка и се користи како димна завеса да се одвлече вниманието од обидот за фалсификат кој се прави во позадина, како и за дефокус од останатите теми кои ги загрижуваат граѓаните“.

-ВМРО-ДПМНЕ покрај пратеничките потписи, донесе одлука во сопствена организација да почне со собирање граѓански потписи насекаде низ државата, кои ќе дадат легитимитет на нашата одлука пратениците да поднесат закон за укинување на законот за попис. Нема да ја ускратиме можноста граѓаните да се вклучат во нашата иницијатива да се стопира фалсификатот на пописот. Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ смета дека одбивањето на иницијативата за собирање граѓански потписи за носење закон за поништување на Законот за попис е чекор во кој се гледа стравот на власта на Зоран Заев од соочување со народот и неговата волја. Заев едноставно речено одбегнува да го чуе гласот на народот, рече Андоновски.

Back to top button
Close