ЦО на СДСМ ќе заседава ако биде договорена коалиција со Алтернатива, дали Заев тогаш ќе ја официјализира оставката?

Доколку утре има договор меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, за коалицирање во владејачкото мнозинство, во наредните денови ќе заседава Централниот одбор на СДСМ, кој треба да даде „виза“ за очекуваната промена на колаицискиот партнер во Владата, најавуваат за „360 степени“ високи извори од владејачката партија.

Според проценките, не е исклучено на таа седница на ЦО, Заев да ја официјализира и својата оставка во партијата, која во меѓувреме беше ставена во мирување до консолидирање на мнозинството. Сепак, тоа зависи од исходот од средбата Зев – Гаши, а доколку досегашниот лидер на СДСМ ја потврди својата оставка пред партиското тело, би почнала постапката за избор на нов претседател на партијата, кој потоа би можел да биде и нов мандатар за состав на Владата, во која, освен СДСМ и ДУИ, би партиципирала и Алтернатива.

Според статутот на СДСМ, вонредни избори за лидер на партијата се распишуваат во рок од 15 дена откако ќе биде потврдена оставката на актуелниот лидер. со одлуката за распишување на внатрепартиските избори се одредува и датумот за нивно одржување. Соговорниците на „360 степени“ од СДСМ велат дека, ако Заев реши да ја официјализира оставката, изборите би можеле ад бидат распишани многу побрзо од предвидениот рок од 15 дена.

Back to top button
Close